wordpress counter

Едноставни пенести коктели

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веруваме дека голем дел од вас сакаат понекогаш да бидат бармени и да приготвуваат фантастични коктели. Затоа, ви предлагаме два едноставни коктели кои лесно се прават. Засукајте ги ракавите и протресете го шејкерот.

„Moonwalk“

Овој коктел го измислил Џо Гилмор, главниот бармен во хотелот „Savoy“, во 1969 година. Идејата ја добил од слетувањето на „Аполо“ на Месечината таа година, а овој коктел е меѓу првите нешта што ги испиле Нил Армстронг и Баз Олдрин откако се вратиле на Земјата.

СОСТОЈКИ (1 чаша)
● 30 мл сок од грејпфрут
● 30 мл ликер од портокал „Grand Marnier“
● 2-3 капки вода од рози
● шампањ

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете лед во шејкерот, а потоа додадете сок од грејпфрут, ликер и водата. Добро протресете, налејте во висока чаша и прелијте со шампањ.

 

„The French Connection“

Џен Маршал, бармен во бруклинскиот ресторан „Nitehawk Cinema“ го осмислил овој коктел, инспириран од филмот „Полноќ во Париз“ на режисерот Вуди Ален.

СОСТОЈКИ (1 чаша)
● 60 мл коњак
● 20 мл сок од лимон
● 20 мл сируп од шеќер (се вари вода и шеќер, во пропроција 1:1, додека не се растопи шеќерот)
● 4 малини
● шампањ

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сите состојки, освен шампањот, ставете ги во шејкер заедно со лед. Измешајте добро, налејте во чаша и потоа дополнете со шампањ до самиот врв на чашата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Храна која не ја сакаат повеќето од луѓето

Знаеме дека голем дел од нас никогаш нема да одбие ако му понудат скара, тестенини со сос, пица и слични...

Close