wordpress counter

Енергетски пијалаци – да или не?

Високо-кофеинските енергетски пијалaци станаа составен дел од животот на зависниците од работењето и речиси три четвртини од младината редовно ги конзумираат. Популарните енергетски пијалaци како „Ред Бул“ содржат кофеин колку и една шоља кафе, додека некои од нивните конкуренти кои се наменети за екстремни спортови, содржат речиси двојно повеќе, односно по 160 мг во една лименка.

Околу 73% од младите на 16-24 годишна возраст ги користат секојдневно и тоа главно затоа што им се допаѓа вкусот. Пазарот за енергетски и спортски пијалаци во последните три години и покрај светската економска криза, порасна за 20% и вреди околу 2 милијарди евра годишно. Само во Англија, во последните пет години, се лансирани 209 нови енергетски пијалаци на пазарот, а нивниот број расте насекаде низ светот. Иако овие пијалаци се појавија како помош при физички вежби, тие сѐ повеќе стануваат еден вид на тренд во секојдневието. Тоа е најизразено кај помладата популација помеѓу 16-34 години. Половина од популацијата секојдневно пие енергетски пијалоци, за што се претпоставува дека е резултат на модерното, брзо темпо на живеење и преоптоварувањето на луѓето со работа.

Две третини од помладата популација, кои учествувале во истражувањата, твдат дека енергетските пијалаци им помагаат во учењето и работењето. Со зголемувањето на корисниците на овие пијалоци, се отвораат и многу здравствени прашања. Оваа година, докторите од „Американ Џурнал Педијатрикс“, потврдија дека енергетските пијалаци може да предизвикаат удари, напади, мании и ненадејна смрт кај децата. Од друга страна, Светската агенцијата за стандарди во исхраната, смета дека овие високо-кофеински пијалаци, кои содржат стимуланти како глукурнолактон, таурин и растителни супстанци, не претставуваат никаква опасност за нашето здравје, но не би требало да ги конзумираат деца и трудници.

Related Posts with Thumbnails