wordpress counter

ERDINGER ALKOHOLFREI

Безалкохолното пиво на Ердингер досега беше резервирано за љубителите на спортските натпревари. Но, најновиот тренд со ова пиво е да го пијат и спортистите. Имено, баварската пиварница „Ердингер“ го рекламира своето безалкохолно пиво како најнов производ за спортисти. Компанијата го дели пивото за време на спортски настани и со полна уста ги фали неговите регенeративни својства.

За разлика од другите вообичаени спортски напитоци, „Erdinger Alkoholfrei“ може да се сервира заедно со пенливо вино и има само една боја – златна. Поголем број врвни спортисти веќе уживаа во ова пиво на еден натпревар од светскиот куп во бијатлон. Уживањето беше надополнето со џиновските кригли во кои беше точено пивото на „Ердингер“.

Овој пијалак се рекламира со слоганот: „100% перформанси, 100% регенерација“. Станува збор за изотоничен, витамински пијалак без адитиви, со природна регенративна сила која им помага на спортистите да се опорават од напрегањата.

Ова пиво, освен на спортистите, одлично ќе им дојде и на сите љубител на маалски спортски игри и ќе им помогне да ги подобрат своите перформанси и секако својот спортски статус во друштвото. И најважното – добивате сила со пиење пиво. Има ли подобра работа?

Related Posts with Thumbnails