wordpress counter

Факти за газираните пијалаци

Дека газираните пијалаци се лоши по нашето здравје не е никаква тајна. Бројни земји преземаат најразлични мерки (забрана за продажба во определен дел од денот, повисоки даноци) токму за да ја намалат нивната консумација. Ајде точно да видиме како влијаат овие пијалаци на нашето здравје.

Газираните пијалаци и тежината
Според едно истражување на Харвард, газираните пијалаци учествуваат со 7% од дневниот внес на калории, што е повеќе од било кој друг продукт.

Газираните пијалаци и хроничните болести
Овие пијалаци се полни со шеќер. Само една лименка содржи дури 12 лажици шеќер, што е два пати повеќе од препорачаната дневна доза за возрасни лица. Со секојдневно консумирање, речиси со сигурност може да се добие дијабетес 2, а голема е можноста и за срцеви заболувања.

Газираните пијалаци и коските
Големата консумација на овие пијалаци значи и намалено внесување на млечни напитоци. Поради тоа се намалува внесот на калциум, а со тоа и густината на коските.

Газираните пијалаци и забите
Покрај шеќерот, она што агресивно ја уништива забната глеѓ се киселините кои се наоѓаат во овие пијалаци.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Зошто доматот е овошје, а лубеницата зеленчук?

Постојат плодови за кои често знаеме да „погрешиме“ кога се обидуваме да ги ставиме во определена група. Најчести примери за...

Close