wordpress counter

Feudo Maccari, Nero d’Avola 2009

Лична карта
Врста: Црно вино
Сорта: Nero d’Avola
Берба: 2009
Регион: Италија
Производител: Feudo Maccari
Температура на сервирање: 18 степени
Се комбинира со: бифтек и останати црвени меса, дивеч, тврди и зрели сирења

Феудо Макари е сицилијанскиот имот на Антонио Морети, кој е сопственик на Sette Ponti – местото каде настанува врвното тосканско вино. Во југоисточниот дел на Сицилија се наоѓа малото место Аволо, по кое најпознатата црна сицилијанска сорта на вино го добила своето име.

Сортата Nero d’Avola е сорта која најдобро го отсликува сицилијанскиот терен. Морето, свежиот воздух и морските струења кои го намалуваат влијанието на топлите летни денови, ни подаруваат плодови со врамнотежен состав. Но и покрај тоа, сицилијанските вина се силни, топли и со нагласена структура.

Ова вино е црно со виолетови нијанси и речиси непроѕирно. Станува збор за полно и масивно вино, со богат вкус на темно овошје и земјеста арома. Присутни се и цветни ароми, кои придонесуваат за негова слоевитост и елеганција. Танините се силни и цврсти, но во исто време и зрели и слатки, што е вистинска добитна комбинација.

Не е предвидено за долго чување, па затоа, ако го купите, би било добро моментално да почнете да уживате во него.

Related Posts with Thumbnails