wordpress counter

Freixnet, Mederano Tinto Lieblich 2009

Лична карта
Вид: црвено вино
Сорта: „Tempranillo“, „Monastrell“, „Garnacha“, „Cabernet Sauvignon“
Берба: 2009
Производител: „Freixnet“
Температура на послужување: 15-17 степени
Се комбинира со: источни јадења на база кисело-слатко и зачинета храна

Ова вино е мешавина на четири сорти. Мирисот е доминатно овошен со нежно навестување на кремасто, здробено овошје. Речиси станува збор за овошен пудинг или микс од маскарпоне и шумско овошје. И да не заборавиме – во ова вино се провлекува уште еден мирис кој е необичен за овој пијалак. Станува збор за мирисот на морска сол.

По првиот сладок удар на непцето, следува речиси празна средина. Тие недостатоци се покриваат со ситни и јаки танини кои отскокнуваат од целината. Сепак, станува збор за вино кое ќе ја освои онаа публика која не бара многу и која ќе ја цени неговата едноставност.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Тајните на јаткастите плодови

Мастите од јаткастите плодови се одлични за нашето здравје. Затоа овие плодови ќе ви ги препорача секој доктор. Со исклуок...

Close