wordpress counter

Фудбалскиот клуб „Хајдук“ со свое пиво

Еден од најпознатите хрватски фудбалски клубови, „Хајдук“ од Сплит, добива свое пиво. Станува збор за „Хајдучко“ пиво, кое е резултат на соработката помеѓу тимот и „Carlsberg Croatia“.

Интересно е дека паралелно со пивото ќе се одвива и акција за финансирање на фудбалскиот клуб од Сплит. Имено, навивачите, со секое купено „Хајдучко“ пиво, ќе одвојуваат по една куна (околу 7.5 денари), која ќе оди во посебен фонд наменет за фудбалскиот тим.

Самото пиво во себе ќе содржи полн вкус, впечатлива арома и специфична златна боја. Ќе се продава исклучиво во Далмација во стаклено шише од половина литар и по цена од околу 40-тина денари.

Комити, што велите за едно „Вардарско“?

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Риба на жар

Ако зборуваме за медитеранската кујна, тогаш таа не може да се замисли без сина и бела риба. Од сините риби...

Close