wordpress counter

GH Von Mumm, Johannisberger Holle 2009

Лична карта
Врста: бело вино
Сорта: ризлинг
Берба: 2009
Регион: Германија
Производител: GH Von Mumm
Температура на сервирање: 10-12 степени
Се комбинира со: риба и ладни салати

Ако во рака ви падне ризлинг од германскиот регион Реингау, тогаш треба да бидете сигурни дека држите многу квалитетно вино. Барем кога станува збор за ризлинг од средно или високо ниво.

Овој ризлинг влегува во категоријата на полуслатки бели вина и е показател дека шеќерот може добро да се искомбинира со освежителен кисел вкус. Има прекрасна златна боја, препознатлива арома, а преовладува мирисот на јаболка и агруми.

Кога ќе се напиете, ќе почувствувате овошен и медест вкус со нагласени киселини. Станува збор за особено лизгаво вино кое се лизга низ грлото, а крајот и вкусот потоа би можел да биде прилично јак и да трае повеќе. Во комбинација со риба или ладна салата ќе ви се открие целата негова убавина.

Related Posts with Thumbnails