wordpress counter

Горчливите пијалаци го менуваат моралниот компас

Слатките вкусови ни создаваат позитивни чувства кон другите луѓе. Но, што се случува кога вкусовите се горчливи. Научникот Кендал Ескин од Универзитетот во Њујорк, покажува дека физичка одбивност е поврзана со моралната.

Истражувањето е спроведено на 57 кандидати на кои им се понудени различни морални сценариja и скала од 1 до 100 за да направат проценка. На половина од проценката, еден дел од кандидатите добиле горчлив пијалак, други сок, а трети обична вода.

Податоците покажале дека оние кои консумирале горчливи пијалаци почнале многу поостро да ги оценуваат ситуациите во однос на оние кои пиеле сок или вода. Значи, физичката гадливост поради горчливиот пијалак делувала и на поголема морална осуда.

Истражувачите заклучиле дека нашата перцепција за одреден вкус може да влијае на нашата морална проценка многу повеќе отколку што сме мислеле (ако воопшто сме мислеле). Затоа, според истражувачите, личностите кои имаат важна улога во формирањето на моралните и политичките идеали би требало да консумираат харана и пијалаци кои имаат непријатни вкусови.

Related Posts with Thumbnails