wordpress counter

Инстант кафе

Ова популарно кафе го осмислил шведскиот хемичар Макс Моргенталер. Притоа, ги користел јапонските експерименти за производство на чај во прав. Инстант кафето е родено на 24 јули 1938 година.

Денес, во светот постојат многу компании кои произведуваат инстант кафе. Разликата е во технологијата на производство. Без оглед која технологија е употребена при производство на инстант кафе, се уништуваат поголем дел од неговите состојки. А и преостанатите состојки ќе се уништат ако не се внимава на амбалажата. Инстант кафето во гранули мора да биде спакувано и да се чува во стаклена тегла.

Учеството на кафе во овој производ е околу 15%. Интересно е дека производителите на кафе, зрната со полош квалитет им ги продаваат на фабриките за инстант кафе. Ова кафе во поголем дел е „робуста“, а не „арабика“ како што тврдат производителите.

Како и да е, ако веќе не можете да се напиете добро и квалитетно кафе како во Caramelo™, тогаш подобро одберете чај наместо инстант кафе.

Related Posts with Thumbnails