wordpress counter

Истражување: Најпродавано пиво во светот

Кога го прочитавте насловот, сигурно си помисливте: „Ова барем е лесно! Мора да е или „Хајнекен“ или „Амстел“ или можеби „Бадвајзер“ Ниту еден од овие одговори не е точен! Можеби ќе го знаевте одговорот, ако по некоја случајност сте експерт за кинескиот пазар на пиво.

Имено, најпродавано пиво на светот е „Снежно пиво“, кое се произведува во Кина. Ова пиво се наоѓа на врвот на најпродавани пива во последните три години. Минатата година се продадени 8 милијарди литри, дури два пати повеќе од американскиот „Бад Лајт“, кој се наоѓа на второто место.

Интересно е дека ова пиво се продава само на кинескиот пазар. Второто по популарност кинеско пиво кое ги освојува и странските пазари е „Цингтао“. Тоа е многу посилно и сериозно го загрозува првото место на „Снежно пиво“, кое постои само 15 години.

Е сега, сигурно ќе ве интересира вкусот на ова кинеско пиво. За волја на вистината, пивото е лошо оценето од критиката и познавачите на овој пијалак. Консументите изјавиле дека му недостасува рафиниран вкус и завршниот допир кој ги краси европските пива.

Инаку, ова пиво го произведува компанија која е заедничко вложување на „China Resources Enterprise“ и британската пиварница „SABMiller“, која ги поседува брендовите „Гролш“ и „Пилснер“. Тие сега имаат преку 30 брендови и над 60 фабрики во Кина.

Related Posts with Thumbnails