wordpress counter

„It’s time for Cosmo“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


COSMOPOLITAN

Cosmopolitan коктелот е еден од производите на популарната култура на 90-тите, промовирана од серијата Sex and the City. Многу неправедно осуден како „женски пијалак“, неговата популарност опаднала драстично во последните неколку години во Америка. Но сепак, Космото заслужува да добие место во списокот на класични рецепти.

Cosmpolitan е навистина едноставен да се направи. Во него се додава сок од боровинки (или шумски плодови) и добива благо-розова боја, што е уште една од причините зошто бил етикетиран како женски пијалак. Неговата историја не е точно позната. Се претпоставува дека почнал да се приготвува во 80-тите како варијација на коктелот Харпун, кој пак бил составен со цел да се популаризира некој тип на џус во 60-тите. Оваа претпоставка се искомплицирала кога во текот на 90-тите било увидено дека коктел многу сличен на Cosmo, базиран на џин бил промовиран во книга за коктели уште во 1934 год. Но, без разлика која и да му е историјата, непобивен е фактот за популарноста на коктелот во последните 20 години. Големите производители на алкохолни пијалаци дури го имаат искористено коктелот како предмет на големи кампањи за рекламирање на своите производи. И навистина е штета што кај нас воопшто го нема или многу ретко може да се најде на менијата.

СОСТОЈКИ
• 45 мл вотка со вкус на лимон
• 15 мл Трипл Сек
• 25 мл сок од боровинки или шумски плодови
• 15 мл сок од зелен лимон (2 парчиња лимета)

ПОДГОТОВКА
Се зема коктел чаша, во неа се става мешавина од мраз и вода и се остава да се излади (може и да биде претходно изладена, доколку сте ја чувале во ладилникот). Во меѓувреме, во коктел чашата се мешаат сите состојки, се додава мраз, шејкерот се затвора и се протресува. Потоа се цеди во претходно изладената коктел чаша. Препорачливо е да се користи цедалка при процедувањето, за во чашата да не падне некое парче мраз од шејкерот. Се гарнира со парче кора од лимон, која што се протрива по работ на чашата, а потоа се става во пијалакот со кората свртена нагоре.

COSMOPOLITANВрз основа на неговите состојки, Cosmo е коктел од фамилијата на таканаречени „кисели коктели“ (sour cocktails), кои се приготвуваат со 3 основни состојки – основен алкохол (вотка), засладувач (трипл сек) и закиселувач на вкусот (сок од лимон). Оригинално рецептот се прави со сок од зелен лимон т.е. лимета, меѓутоа моја претпоставка е дека тоа е само затоа што во Америка зелениот лимон е многу полесно достапен и поевтин од нашиот жолт лимон. Затоа, доколку немате зелен лимон, слободно пригответе го со обичен жолт лимон. Вотка со вкус на лимон може да користите од било кој бренд (Absolut Citrus, Belvedere Lemon…), кои можете да ги најдете во поголемите маркети. Трипл секот пак, всушност е ликер со вкус на портокал. Еден од најпознатите брендови е Cointreau. Исто така, имам забележано дека има Трипл Сек и од Badel, кој чини околу 400 ден. и е значително поевтин од Сointreau, а и двата можете лесно да ги набавите.

Интересно во врска со коктелот е дека бармените во Америка имаат и посебно име за него кое им помага полесно да ги запаметат состојките: Love the City Lights (Lemon vodka, Triple sec, Cranberrie juice, Lime juice).

На здравје и консумирајте одговорно! [ЕЛИ ЦВЕТКОВА]

Related Posts with Thumbnails