wordpress counter

Каде се пиело најмногу вино минатата година?

Најголем потрошувач на вино во 2011 година се САД, додека Кина ѝ го зеде петтото место на Велика Британија на овој список на винопијци кој го подготви Организацијата за меѓународни истражувања на вино и жестоки пијалаци („IWSR“).

Второто место го држат Италијанците, третото Французите, додека Германците се горди сопственици на 4-тото место. Организацијата предвидува дека во периодот помеѓу 2012-2015 година, потрошувачката на вино во Кина се очекува да порасне за неверојатни 54.3%. Со тоа предвидување, Американците до 2015 година ќе пијат во просек 13 литри, додека Кинезите 2 литри по човек годишно. Интересно е дека Европската Унија учествува во потрошувачката на вино со 62%, но се предвидува дека тоа ќе се намали. Тоа намалување ќе се движи помеѓу 2.7% – 4.4%.

Што се однесува до цената, во периодот од 2006-2010 година, пласманот на вино во малопродажба со цена над 8 евра по шише е зголемен за 14.7%, додека пласманот на вината до 8 евра е зголемен за 10.7%.

Кога станува збор за извозот, Франција е на првото место, со извоз во вредност од 6.6 милијарди евра, Италија има најголем пораст на извозот, додека Шпанија од извоз на вино минатата година заработила 1.9 милијарди евра. ●

Related Posts with Thumbnails