wordpress counter

Како да направите ликер дома?

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ликерите се незаменлив дел од голем број пијалаци. Најчесто содржат високо количество на алкохол и шеќер во нив, што ги прави вистинска состојка за секој коктел. Во себе содржат и вкусови и ароми од многу растенија, тревки и јаткасти плодови. Интересно е дека ликерите можете да ги направите самите, во домашни услови. Денес ви предлагаме два рецепти.

Ликер од ананас

СОСТОЈКИ
• 400 гр ананас
• 100 гр шеќер
• 125 мл водка
• 125 мл рум
• сок од лимон
• сок од ананас

ПОДГОТОВКА
Исечете го ананасот на мали парчиња и заедно со шеќерот додадете го кон сокот од ананас. Оставете да отстои во текот на ноќта.

Следниот ден, процедете го ликерот и отстранете ги парчињата ананас. Миксот измешајте го со водка и рум и потоа додадете сок од лимон според вкус. Налејте во шише од 0,7 литри и дополнете со сок од ананас или вода. Оставете да отстои една недела.

.

Ликер од мед

СОСТОЈКИ
• 500 гр мед
• 250 мл вода
• 400 мл алкохол

ПОДГОТОВКА
Растворете го медот во топла вода. Водата не смее да биде многу топла (не повеќе од 45℃). Оставете смесата да се излади, па дури потоа додадете го алкохолот.

Доколку сакате послаб ликер, можете да ставите вино, додека ако преферирате појак ликер, тогаш можете слободно да ставите виски или бренди.

Се сервира во голем длабок сад.

Содржи 31% алкохол.

Related Posts with Thumbnails