wordpress counter

Како да направите вода со вкус

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Придобивките од пиењето вода на сите ни се познати. Ќе бидеме поздрави, со помалку токсини во себе, со намален ризик од срцев удар и здрава и свежа кожа. Но, оваа статија е наменета за нешто друго. Денес ќе ви дадеме предлог како да приготвите ароматизирана вода.

Земете поголем бокал и наполнете го со вода. Користете вода која најмногу ви одговара или ја преферирате. Основниот тип на ароматизирана вода е кога во неа ќе ставите парчиња лимон. Ако сакате друг вкус, употребете некој друг цитрус или мешавина од цитруси.

Водата може да се ароматизира и со парчиња краставици и секако, не заборавајте дека и нането и другите зачини се одличен додаток. Зачините користете ги посебно или во комбинација со краставица или лимон.

Важно: употребете само еден тип овошје за еден бокал или комбинација од слични овошја.

За да добие на вкус, водата нека отстои најмалку 10 минути во фрижидер.

Related Posts with Thumbnails