wordpress counter

Кои биле првите пивопијци?

Петер Дамероу, некогашен историчар и научник од институтот „Макс Планк“ во Берлин е автор на опсежно дело кое најмногу ги возбуди пивопијците низ светот. Тој тврди дека таканареченото „сумерско пиво“ или „Bappir“, кое го произведвувале Сумерите кои живееле на територијата на денешен Ирак, не може да се нарече пиво, затоа што содржело незначителни количини на алкохол во себе.

Човекот ги истражувал сите најзначајни документи од тој период, како и митолигијата за сумерската божица на пивото „Himnu Ninkasai“ и открил дека никаде нема ниту збор за состојките на тоа пиво.

Од друга страна, професорот Мусдорфер делумно се сложува со својот колега, но смета дека денешното пиво нема никаква врска со пивото кое се произведувало во тој период. Пивото од житарки, какво што го знаеме денес, потекнува од северот на Европа, каде воопшто не им било познато печењето на леб, туку јаделе супа од житарки. Јужните цивилизации правеле еден вид инстант пиво, кое имало многу малку алкохол во него. Од ова може да се извлече заклучок дека „пивото настанало од супа“.

Сепак, повеќето научници се согласни дека се погрешни тврдењата дека пивото настанало уште во палелолитот, или за време на сумерската цивилизација. Тие дури направиле експеримент во кој се обиделе да го реконструираат целиот процес на производство од тие периоди. Успеале да добијат пијалак во кој може да се менува учеството алкохол во него, преку менување на количеството на вода. Во меѓувреме, останува тврдењето дека тоа не било пиво туку квас – пијалак од житарки, со многу малку алкохол во него.

Како и да е, расправата продолжува. До откривање на првите пивопијци на светот. ●

Related Posts with Thumbnails