wordpress counter

Која е разликата помеѓу „Кока кола“ и „Пепси“?

Овие два пијалаци во моментов се најпопуларни газирани пијалаци во светот. Секој што ужива во нив (или најчесто во еден од нив) знаe кои се основите разлики.

Вкус
„Пепси“ е мошне посладок пијалак од „Кока кола“. Покрај тоа, „Пепси“ има и цитрусен вкус, додека кај „Кока кола“, вкусот е комбинација од ванила и грозје. Ако зборуваме за категоријата на бавно пиење, „Пепси“ има предност со оглед дека вкусот кај „Кока кола“ со процесот на пенење се губи.

Состав
„Пепси“ има повеќе шеќер, калории и кофеин, додека „Кока кола“ има повеќе натриум. И покрај тоа, повеќето луѓе не можат да ја наведат точната разлика помеѓу овие два пијалака. Интересно е дека испитаниците секогаш пијат само еден од тие пијалаци и при исптиувањето е утврдено дека и кога не знаат за кој пијалак станува збор тие го одбираат токму тој кој го пиеле и претходно.

Бренд
„Кока кола“ е многу повреден бренд отколку „Пепси“. Имено, „Кока кола“ држи 17% од пазарот во САД,  а на второ место е „Кока кола лајт“ со 9.6%. „Пепси“ се наоѓа дури на третото место, со 9.2% од пазарното учество. Како споредба, диеталната верзија на „Пепси“ има пазарен удел од само 4.9%.

Related Posts with Thumbnails