wordpress counter

Коктели од лабораторија

Коктелите од лабораторија, или како што уште се нарекуваат молекуларни коктели, се едно навистина мултидимензионално искуство кое може да ги разбуди сите сетила.

Претпоставуваме дека сите имаме горе-долу слично искуство со коктелите: долги чаши, разни бои, чадорче и некакво овошје (цреша, лимон, портокал) како декорација. Но, во овој случај приказната е сосема друга.

Интересно е дека обичните бармени несвесно започнаа со примена на молекуларните „финти“. Употребата на белки од јајца, растенија и тревки се само некои од новитетите кога станува збор за најпопуларните пијалаци на светот. Главно, молекуларните баристи настанаа по појавата на молекуларната гастрономија, за која пишувавме претходно.

Во пакетот од состојки кои молекуларните бармени го користат се наоѓаат течен кислород, калциум хлорид, лецитин, желатин, сода хексаметафосфата, разни алкохолни и безалкохолни инфузии кои се во различни агрегатни состојби (смрзнати, во спреј или течни), овошен кавијар, мента, босилек, малини, капини, листови од роза. Списокот е речиси бескраен.

Во кратки црти, станува збор за визуелен изглед и вкус кој треба да ги заинтригира консументите, поточно да создадат специјална состојба на умот преку игра со бои, облици на чаши и агрегатни состојби.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Канабис сатива – неверојатна состојка на новата кујна

Италијанската академија за ароми - „Università dei Sapori“ е професионална готварска академија која канабисот го прогласи за неверојатно добра состојка...

Close