wordpress counter

Коктели со шест ѕвездички

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денес ќе ви претставиме два посебни коктели кои се служат во некои од најдобрите барови и ресторани во светот. Затоа и ги нарековме коктели со шест ѕвездички.

„Red Carpet Courage“

СОСТОЈКИ (1 коктел)
● 4 јагоди
● 4 листа босилек
● 60 мл вотка
● 45 мл сок од гуава
● 10 мл сок од лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измешајте ги јагодите и босилекот во шејкер. Додадете ги и другите состојки, добро иземашајте и потоа налејте го пијалакот во висока чаша наполнета со мраз. Декорирајте со лимета и гранче босилек.

 

„Maharaja Buck“

СОСТОЈКИ (1 коктел)
● 45 мл џин (со кардамом)
● 30 мл сок од лимон
● 20 мл сируп од тамаринд
● 15 гр џем од тамаринд
● пиво од ѓумбир
● трклаца лимета за декорација

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во чаша полна со мраз, налејте ги сите состојки освен пивото од ѓумбир. Измешајте убаво, а потоа налејте го пијалакот во висока чаша за коктел. Дополнете со пиво од ѓумбир и декорирајте со парче лимета.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Филм: „A Place at the Table“

„A Place at the Table“ Режија: Кристи Џејкобсон, Лори Силвербуш Улоги: Џеф Бриџис, Том Коликио, Кен Кук Филмот „A Place...

Close