wordpress counter

Комбинирање на пиво и храна (1 дел)

Пивото како пијалак отсекогаш се комбинирало со храната и е составен дел од оброците. Се консумирало и како аперитив и како дел од главното јадење. Појаките пива како јачменовото се користеле и се користат како дигестив по јадењето.

Комбинирањето на пивото и храната денес е веќе вистинска уметност. Уметност, при која се внимава на многу работи. Бои, вкусови, температура на консумирање, количина на алкохол, арома, пригода во која се пие определено пиво.

Се комбинира буквално со секоја храна. Со предјадења и мезе, со јадења со месо, риба, разни сирења, горчливи десерти. Општо, пивата одлично се усогласуваат со кисел зеленчук како краставици и пиперки, со печени колбаси, лути мексикански јадења, скара, чадена храна. Горчливите јадења и сирењата одлично се вклопуваат со вкусот на пивото.

Не треба да заборавиме и дека спротивните вкусови исто така добро се комбинираат. Така на пример, чоколадните десерти со горчлива нота одат добро со црни пива. Јако превриените пива се согласуваат со вкусот на риба и ѝ даваат свежина. Со месо (пилешко, јунешко, свинско) може да се пијат лагер пива. Морските плодови како школки и ракчиња добро се согласуваат со темни пива со појак вкус. Со сирење се предлагаат пива чија киселина се согласува со киселината на сирењето. Со зрели сирења, се пијат исклучиво јаки пива.

Related Posts with Thumbnails