wordpress counter

Комбинирање на пиво и храна (2 дел)

Се запознаваме со основните и сега на вистинските љубители на пивото може да им понудиме поконкретни чекори за да направат добра комбинација на овој пијалак со храната која ја подготвиле.

ЛАГЕР ПИВО
Светлото лагер пиво е горчливо и со повеќе хмељ. За ова пиво се препорачуваат грицки како солени стапчиња или квики, или едноставни јадења од месо како ќебапи со кајмак, пченкарно лепче или печени пиперки. Со вакво пиво ососебно добро одат ќебапчиња со кајмак и домати, затоа што одлично се вклопуваат со горчливиот вкус на пивото.

Светлото лагер безалкохолно пиво има лесно горчлив вкус и се препорачува за храна која се консумира „од нога“, како што се сендвичи, салати од житарки.

Сендвичите може да ги подготвите од леб, пилешки гради, млечен намаз. Салатата нека биде од туна, пченка, кисели краставички, пиперка, оригано, сол и масло.

АЛЕ ПИВО
Лесни и медитерански јадења, јаки солени сирења, грицки со карамел и чоколадо, особено за црните пива. Шопска салата со фета, домати, краставица, пиперка и маслиново масло, би било одличен избор.

Црните пива се согласуваат добро со брускети со сирење, колбаси, зеленчук на скара како тиквици и модри домати. Вкусовите од чоколадо и карамела кои преовладуваат во овие пива, треба да се комбинираат со бисквит со карамелизирани бадеми или шварцвалд торта и мафини.

Јаките пива со алкохол повеќе од 5.5% се комбинираат со солени и слатки јадења со силен вкус. Така на пример, можете да подготвите похувани палачинки со сирење и шунка или пак слатки палачинки со кравјо сирење, суво грозје и слатка павлака.

Related Posts with Thumbnails