wordpress counter

Korlat, Syrah 2009

Лична карта
Врста: црвено вино
Aлкохол: 14.7%
Сорта: Syrah
Берба: 2009 година
Производител: Корлат
Се комбинира со: јагнешки раженчиња, ќофтина во сос од домати, пилешки стек, колбаси со пире компир
Температура на сервирање: 18 степени

Ова фантастично хрватско вино се карактеризира со зрела рубин боја, со умерена длабочина и еднаков интензитет. Аромата се состои од интензивна комбинација од црвено овошје и црни зачини – од сортни потемни до нешто послатки и понежни како последица на винификацијата.

Хербалната црта, свежината и врамнотежените кремасти мириси одлично се вклопуваат во зрело овошно богатство. Во позадина се чувствува присуство на дробен камен и сува земја.

Во устата носи заокружена црта на свежина, која ретро вкусот го продолжува на десетина секунди (во насока на мента и црвено овошје). Вкусот е збогатен со одлични, ситни, сеприсутни танини. Дури и по 5 дена во декантер на собна температура, виното е и понатаму атрактивно, со смирувачки ароми на темно овошје, меки слатки зачини и ароматизирано палено дрво.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Отворен вистински Хобит бар на Нов Зеланд

Би сакале ли на пијачка со некој од Хобитите? Ова идеја изгледаше смешно пред само неколку месеци, но од пред...

Close