wordpress counter

Кратка приказна за Мохито

Постојат многу легенди за овој мошне популарен летен пијалак. Некои велат дека името доаѓа од африканскиот збор „Mojo“, што значи да се фрли клетва. Но, мохитото не потекнува од Африка, туку од Куба. Иако, можеби постои некоја поврзаност.

Имено, според првите записи, мохитото први го приготвувале робовите на Куба кои работеле на полињата со шеќерна трска. Можеби токму некој од африканските робови прв го направил овој пијалак.

Втората легенда го споменува англискиот пират Сер Франсис Дрејк, кој прв го направил мохитото со помош на некоја примитивна верзија на рум кој го измешал со шеќер, лимета и листови мента. Подоцна, пиратите барајќи злато по Карибите, доаѓаат и на Куба, каде го донесуваат и рецептот.

Во баровите низ нашата земја може да добиете квалитетно мохито и да уживате во него. Но, ако не ви се излегува, можете да го подготвите дома – еден познат скопски шанкер го сподели рецептот со нас:

СОСТОЈКИ
• 0,05 л рум
• половина лимета (исечкана на 4 коцки)
• 5-6 свежи големи листови мента или 10 мали
• сода вода или газирана вода
• 5 гр (една лажица) кафен шеќер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во чаша (2.5-3 дл) ставете коцки лимета и кафен шеќер. Убаво издробете ги состојките, а потоа додадете листови мента. Откако ментата ќе ја пушти својата арома, ставете лед (може и дробен лед и тогаш наполнете ја чашата до врвот) и полека налејте од румот. Лесно промешајте и додадете сода вода.

Related Posts with Thumbnails