wordpress counter

Креативни алкохолни пијалаци: Крвав мозок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Повеќето од нас посакуваат идилична летна слика која опфаќа плажа, сонце, забава, коктели и дружење. Но ние, во овој случај ќе понудиме нешто што е чиста спротивност на претходната слика, ама веруваме дека ќе признаете дека се работи за креативен предлог.

Станува збор за „Bloody Brain Shooter“, пијалак кој претставува микс од вотка, лимета и ирски крем. А, еве го рецептот:

СОСТОЈКИ
• 40 мл вотка (по можност со вкус на јагода)
• малку сок од лимета
• 20 мл ирски крем

ПОДГОТОВКА
Најнапред изладете ја убаво вотката, за да се добие добра текстура. Потоа, промешајте ја вотката и сокот од лимета во шејкер. Налејте ја содржината во мали чашки за алкохол. Со помош на сламка додадете ирски крем во пијалакот. Тоа ќе го направите така што ќе ја ставите сламката во ирскиот крем, ќе повлечете од кремот и со прстот ќе го затворите горниот дел од сламката.

Потоа, сламката ставете ја во пијалакот, тргнете го прстот од неа и ирскиот крем ќе падне во пијалакот, при што ќе имитира изглед на мозок. За потполн впечаток, можете да додадете неколку капки црвен сируп кој ќе создаде илузија на крв.

Related Posts with Thumbnails