wordpress counter

Ледено кафе во различни комбинации

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако кафето е еден од вашите омилени пијалаци, тогаш оваа статија е наменета токму за вас.

Со оглед дека е лето, најдобро е кафето да биде студено и во комбинација со други состојки, да добиеме вистинско летно задоволство.

Ледено кафе со ликер и сладолед

СОСТОЈКИ (за 4 чаши)
• 2 дл слатка павлака
• 500 мл сладолед
• 4 дози кафе
• 4 мали шолји млеко
• 4 мали лажици ликер по избор (чоколадо, кафе, вишна, бадем или рум)
• лед

за декорација
• кршени бадеми или лешници
• чоколадо во прав
• дробен кекс

ПОДГОТОВКА
Сварете го кафето и оставете да се излади. Во меѓувреме, изматете го шлагот. Во четири високи чаши ставете лед и поделете го сладоледот. Налејте во секоја чаша по една кафена шолја млеко и една шолја кафе. Претходно, во секоја доза кафе додадете и ликер по избор.

Дополнете ја чашата со шлаг и декорирајте со бадеми, лешници, вишни или дробени бисквити.

.
Чоколадо, сладолед и бел рум

СОСТОЈКИ
• 500 мл сладолед
• 1 дл бел рум
• 3 дл студено кафе
• 5 топки сладолед од ванила

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги сите состојки во шејкер. Сервирајте го студеното кафе во високи чаши. Украсете со какао во прав или чоколаден сируп.

Related Posts with Thumbnails