wordpress counter

Ликер од ореви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оревите се јаткасти плодови кои се богати со омега-3 масни киселини. Го штитат нашето срце, ја намалуваат можноста од срцев удар, штитат од артисклероза, го регулираат крвниот притисок и го уништуваат штетниот холестерол.

Научниците откриле дека самата форма и изглед на плодовите ни покажува за кој орган е потребно да се јаде определен плод. Имено, ако го загледаме оревот, тој потсетува на нашиот мозок и навистина оревите се познати како „храна за мозокот“. Ја стимулира мозочната активност и го полни организмот со енергија, а притоа е и природен извор на јод. Покрај овие придобивки, оревите помaгаат и во зајакнување на имунитетот, олеснување на кашлицата и заштита од настинки и вируси.

Затоа, денес ви претставуваме еден посебен рецепт – ликер од ореви. Овој ликер ќе ви биде еден од омилените „лекови“, бидејќи е вкусен и ароматичен, а содржи и малку алкохол, кој ќе ве опушти по напорниот ден.

СОСТОЈКИ
• 750 гр шеќер
• 1 л лозова ракија
• 1 кг зелени ореви со лушпа
• 1 кесичка ванилин шеќер

ПРОГОТВУВАЊЕ
Во подлабок сад ставете ги шеќерот, ракијата, ванилиниот шеќер и оревите. Затворете го садот со поклопец и оставете го ликерот да отстои од неколку дена, до една недела. Потоа, сипете го во шишиња и послужете го како вкусен и здрав аперитив.

Related Posts with Thumbnails