wordpress counter

Маргарита

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)

МАРГАРИТА КОКТЕЛ

Маргарита е веројатно најпопуларниот коктел во светот. Оригиналната маргарита е многу познат коктел базиран на текила. Неговата историја е релативно непозната. Група миксолози тврдат дека е составен во триесеттите години, меѓутоа овој податок не може со точност да се потврди. Маргаритата припаѓа во групата на типични кисели коктели исто како и Космополитен коктелот, односно содржи: основен алкохол – текила, засладувач – трипл сек и закиселувач – сок од лимета. Со ова изгледа како едноставен пијалак, но изгледот може да лаже. Освен оригиналниот рецепт, се разбира, постојат и многу варијации. Замрзнатите маргарити се многу популарни за време на летото. Се приготвуваат на ист начин, само во нив се додава свежо овошје и кршен мраз. [ЕЛИ ЦВЕТКОВА]

СОСТОЈКИ
• 50 мл текила
• 30 мл трипл сек
• 15 мл сок од лимета

ПОДГОТОВКА
Сите состојки се ставаат во шејкер, се додава мраз и се меша. Миксот се процедува во коктел чаша, или пак маргарита чаша. Доколку преферирате да имате мраз, може да се послужи и во висока чаша заедно со мразот, или пак, доколку правите замрзната маргарита, тогаш смесата од блендерот во која е додадено свежото овошје, се истура во маргарита чаша. Се гарнира со парче лимета, а по вкус, врвот на чашата може да се обложи со малку сол.

Вкусот на вашата маргарита многу зависи од видот на текила кој ќе го употребите. Најчесто се користи бланко текила, но некои консументи преферираат репосадо, или ањехо текила. Добар избор за Маргарита е Jose Cuervo, Herradura или пак Patron. Што и да користите, потрудете се ако може да биде текила направена од 100% агаве.

Агаве
лат. Agave azul
Син кактус кој расте најмногу во Мексико, со чија преработка се добива текила. Најквалитетните текила брендови користат 100% од оваа билка, додека оние помалку квалитетните додаваат до 49% други ферментирани шеќери. Според законите на Мексико, официјално производот може да се нарече текила доколку има најмалку 51% сино агаве во составот.

Related Posts with Thumbnails