wordpress counter

Mionetto, Prosecco Superiore

Лична карта
Вид: пенливо вино
Про­и­зво­ди­тел: „Mionetto“
Земја на потекло: Италија
Темпе­ра­тура на послу­жу­вање: 6-8 сте­пени
Се ком­би­нира со: како аперитив, со бела риба, тестенини со сос на база на риба

Станува збор за просеко добиено од грозје одгледано на некои од најдобрите падини во близина на местото Валдобијадене, каде е и сместено седиштетото на „Mionetto“. Тоа е традиционален центар за производство на просеко, на кој неодамна му е доделена најзначајната италијанска ознака.

Ова пенливо вино е златно-жолто и кристално бистро вино. Има сјајен отсјај и висока пенливост. Во прв план се појавуваат ароми на кора од лимон, златен делишес и суптилни примеси на ванила и квасец.

Прецизноста и чистотата на мирисот се потенцираат преку пријатниот бадем. Свежината на винотo е во совршен баланс со дозираната количина на слаткост. Постојаната и мека пенливост полека исчезнува и води кон финиш кој е обележан со овошна горчливост и карамел.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Божиќно мени: Пилешко во сос од печурки

Одличен предлог за божиќните празници. Доколку сакате повеќе време да поминете со блиските, тогаш овој вкусен рецепт ќе ви помогне...

Close