wordpress counter

Начинот на кој ја држите чашата го открива вашиот карактер (1 дел)

Секоја наша гестикулација открива наши особини, па така и начинот на кој ја држиме чашата. Оваа студија ја има проучено англискиот психолог, д-р Глен Вилсон, со едномесечно набљудување на 500-тини лица. Резултатите од ова истражување може да бидат многу корисни кога ќе посакате да пријдете некому во бар, со оглед дека ќе ви укаже на нејзиниот/неговиот карактер и како да постапите со таа личност. Вилсон во своето испитување опишува 8 типа на луѓе, а тоа се:

Кокетни луѓе
Во оваа категорија најчесто спаѓаат жените кои ја држат чашата со неколку прсти, нежно, провокативно и во близина на деколтето, за да привлечат внимание кон нивните атрибути. На секоја голтка заводливо гледаат преку работ на чашата и бараат да го пресретнат погледот со некого. Најдобар начин да им пристапите е да флертувате со неа со иста мера.

Озборувачи
Можете да ги забележите во група од повеќе жени, кои озборуваат за сите околу нив. Чашата ја држат со целата рака и гестикулираат со неа дури зборуваат. Често се навалуваат над чашата, кога сакаат да му кажат нешто доверливо на соговорникот. Најдобро би било воопшто да не им приоѓате на вакви личности, бидејќи веќе имаат своја одбрана група и аутсајдерите не се добродојдени.

Забавни луѓе
Тие можат да бидат и жени и мажи кои уживаат кога се со своите пријатели, постојано се смеат и секогаш се во поголемо друштво.Често пијат од шише, кое го држат лежерно во височина на рамениците. Голките им се кратки, за да не испуштат ништо од разговорот. Оваа група на луѓе секогаш се отворени за нови пријателства, а најдобар начин да им пријдете е да настапите со некоја духовита забелешка и да продолжите да бидете забавни во разговорот.

Related Posts with Thumbnails