wordpress counter

Начинот на кој ја држите чашата го открива вашиот карактер (2 дел)

Во првиот дел споменавме три категории на луѓе – кокетни, озборувачи и забавни, од поделбата која ја направил англискиот психолог Вилсон. Денес, ги опишуваме и другите пет карактери на луѓе според тоа како ја држат чашата со пијалак.

Срамежливи
Изгледаат срамежливо и ја држат чашата цврсто, не ја испуштаат од рака, како да се плашат дека некој ќе им ја украде. Често делуваат како да се кријат зад чашата. Никогаш не го испиваат пијалакот до крај, пијат со цевка и постојано го мешаат пијалакот со неа. Најчесто пивнуваат кога има луѓе околу нив. На овие личности треба да им пријдете на нежен и чуствителен начин и да дофрлите некој ненападен комплимент, со цел да ја градите нивната самодоверба. Откако ќе се опуштат, можат да бидат многу пријатни за разговор.

Ледена кралица
Најчесто се работи за жена која природно е ладна и одбивна. Пие од винска или кратка чаша, ја држи цврсто пред себе, како да прави бариера, со цел луѓето да не ѝ приоѓаат. Најдобро е да не губите време на неа, бидејќи нивниот оклоп е невозможно да се отвори.

Дон Жуан
Активен е и самоуверен, со заводнички став. Пие од висока чаша или шише и постојано, сугестивно си игра со неа. Тие се посесивни и сакаат да ги допираат женските придружнички.

Мачо тип
Горди како пауни и свесни за својот имиџ, пијат од шише. Арогантни се и самоуверени, а се трудат да завземат што поголем простор од масата со потурнување на пијалокот. Доколку се со своите другари, не се отворени за нови пријателства, освен ако не се потцените самите себе, а нив ги возвишите.

Силеџија
Пијат од шише, кое за нив претставува и еден вид на оружје. Имаат цврст став и со гестикулации и погледи испраќаат заканувачки пораки. Мислат дека знаат сѐ и најмала дискусија може да ги вознемири. Приоѓајте им многу внимателно или уште подобро, воопшто не им приоѓајте.

Related Posts with Thumbnails