wordpress counter

Најчудни коктели кои може да ги нарачате

Светот на коктелите е место каде можете да ја ослободите целосно вашата фантазија. И сѐ тоа да излезе прекрасно – и според изглед и според вкус. Но, кај следните коктели ќе си речете или дека фантазијата стана преслободна или луѓето кои ги измислиле имаат некаков проблем со комбинирање на состојките.

Салваторе Тафури е бармен во кафе „Falai“ на Сохо. Неговиот „посебен“ коктел се нарекува „Фиренца-Палермо“ и чини 13 долари. Чашите ги премачкува со масло од сипа со помош на четкичка. Потоа меша листови од спанаќ, водка и амарето. На крај, сервира со декорација од голтка пиво од ѓумбир и малку маслиново масло.

Од друга страна, барменот Трамер е горд на својот „Худини“ коктел, кој се продава по цена од 15 долари. Тој се подготвува од мастило од сипа, водка, еликсир бр.2 од портокали (?!!) и домашно подготвена есенција од бозел. Се сервира со свежа мајчина душица.

Во хотелот „Griffou’s“, на коктел листата се наоѓа пијалак кој се подготвува од екстракт од тутун и коцки мраз од зелен чај.

Буквално нема ограничување. Во некои кафе барови, има луѓе кои работат на изгледот на мразот. Така се случува некои коктели да бараат мраз во форма дијамант. За еден коктел е потребно дваесет минути работа само на мразот. Сите бармени велат дека не постои граница до каде може да оди фантазијата. Единствено треба да се внимава да не се трансформираат од коктел во нешто за јадење.

Related Posts with Thumbnails