wordpress counter

Најдобрите зелени чаеви

Постојат многу причини зошто да се пие зелен чај, кој се добива од листовите на растението Camellia sinensis. Овој вид чај се приготвува на посебен начин. Имено, зелениот чај не е добро да се раствори во вода која врие, туку во топла вода која се ладела 5 минути по зовривањето.

Но, едно од поважните прашања е како да одбереме квалитетен зелен чај. Затоа, ние ќе наброиме 5 вида на зелен чај кои се меѓу најквалитетните во светот.

„Маtcha“
Кај овој чај, листовите се сушат и се мелат во прав. Има високо количество кофеин, силен и горчлив вкус. Се пие со вода и млеко.

Sencha“
Овој зелен чај е со потекло од Јапонија. Листовите, по берењето, кратко се загреваат на пареа, додека Кинезите ги варат. Првиот ваков чај е обично сладок и благ, додека бербите кон крајот на годината носат појак и погрчлив вкус.

Chun Mee“
Станува збор за зелен чај кој не е сладок. Во вкусот може да се почувствува малку чад, а самото име на кинески значи „вредни веѓи“.

Genmaicha“
Овој чај се прави така што на класичниот зелен чај му се додава пржен ориз. Според легендата, овој чај се појавил во 15-тиот век во Јапонија, кога на еден слуга во чајот му паднале зрна ориз. Чајот го правел на оган, па го пропржил и оризот кој му дал посебна арома. Има мирис на пуканки.

Hojicha“
Овој зелен чај има изглед и вкус како и црниот чај. Одличен е за варење на храната и често се консумира по оброци или во вечерните часови.

Related Posts with Thumbnails