wordpress counter

Најдовратниот ликер на сите времиња

„Malört“ е убедливо најодвратниот ликер на сите времиња. Ни доаѓа од Шведска и е една варијација на ликерот „brännvin“ кој се добива од компири или жито. Тоа е некаков вид на разблажена вотка или ракија без вкус. Она што е важно е дека „Malört“ има моќ да ве одведе во Шведска, но тоа патување ќе ви биде пелин горчливо.

Популарноста на овој пијалак расте во текот на ерата на прохибиција. Еден шведски имигрант ќе го однесе ликерот во Чикаго кој набрзо ќе стане познат како убиец на сетилото за вкус. И покрај тоа, ликерот по завршувањето на прохибицијата ќе започне комерцијално да се произведува.

Рецептот го купува Џорџ Брауди, кој го означува секое шише со стебленце пелин и со слоганот „Дали си доволно маж?“ Сепак, продажбата не оди како што треба, па подоцна е направена промена во процесот на производство. Денес се произведува и полни во фабриката на Флорида.

Како и „Абсинт“, така и „Malört“ треба да се пие со коцка шеќер, но се пие и чист, а најдобрата забава се случува кога ќе го видите ликот на некој што првпат го вкусува. Затоа, ако успеете да набавите „Jeppson’s Malört“ направете им финта на вашите пријатели. Смеењето нема да престане. Впрочем, погледнете како изгледа тоа:

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Бафало крилца

Пилешките крилца се дефинитвно едно од најпопуларните јадења на светот. Можат да се приготвуваат на безброј начини, а за денес...

Close