wordpress counter

Најлутата вотка на светот

Станува збор за навистина посебна вотка – најлута вотка на светот. Се вика „Naga Chilli Vodka“ и се произведува со „Naga Jolokia“ лути пиперчиња. Тие се едни од најлутите чили пиперчиња кои се одгледуваат.

Инаку, вотката ферментира со 18 килограми лути пиперчиња неколку недели и во текот на тој период добива боја на карамел и дури потоа се полни во шишиња и оди во продажба.

Оваа вотка не е наменета за секое непце, затоа што нејзината лутина е 1.000.000 сковил единици (скала за мерење на лутина). Тоа е многу повеќе од да речеме сосот „Табаско“, кој има „само“ 8.000 единици лутина. Според експертите, оние кои сакаат да се напијат од оваа вотка најдобро е да ја мешаат во коктели како „Блади Мери“ за да обезбедaт посебно доживување. 

Related Posts with Thumbnails