wordpress counter

Најпопуларни коктели за време на прохибицијата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 4,50 од 5)


Знаеме дека за време на прохибицијата била особено тешко да се напиете некаков алкохол. Колку и да сте сакале. Но, токму во тоа време, започнува трендот на пиење на коктели. Ние сега ви пренесуваме рецепти на најпопуларните коктели во времето на прохибицијата.

Овие пијалаци како база го имаат џинот. Причината лежи во фактот што водката во тоа време не била толку популарна, додека за добро виски или коњак било потребно многу време за да одлежат, со цел да се добие врвен производ.

The Colony Cocktail

СОСТОЈКИ
• 45 мл џин
• 20 мл сок од грејпфрут
• 2 мали лажици мараскино

ПОДГОТОВКА
Сите состојки се ставаат во шејкер, заедно со кршен мраз. Добро се меша и се служи во изладени чаши за коктели.

Bee’s Knees

СОСТОЈКИ
• 45 мл џин
• 20 мл сируп од мед
• 1 мала лажица свеж сок од лимон

ПОДГОТОВКА
За да приготвите сируп од мед, измешајте еднакви делови мед и тола вода. Потоа, сите состојки измешајте ги заедно со лед. Налејте во чаши за коктел и гарнирајте со кора од лимон.

Related Posts with Thumbnails