wordpress counter

Најскапите чаеви на светот

Чајот е неверојатно популарен пијалак на сите 4 страни на светот. Го зазема второто место, веднаш зад незаменливото кафе. Асортиманот е огромен, но најчесто се консумираат белиот чај, зелениот чај, улонг, црниот чај и ројбос.

Ако го обожувате овој пијалак, тогаш веќе сигурно знаете дека Ritz Carlton“ во Хонг Конг го има најскапиот чај на светот, чија цена е 8.888 долари за пар, односно за двајца. Сепак, мора да напоменеме дека станува збор за „High Tea“ – комбинација од оброк и чај.

Чајот „Darjeeling“ е исто така во оваа група. Неговата висока цена е резултат на тоа што најдобрите растенија од овој чај се наоѓаат на стрмни и опасни падини во Индија, Непал и Бутан, на височина од 1.500 – 2.800 метри надморска височина.

Ако зборуваме за пакуван чај, тогаш најскап чај на светот е реткиот кинески чај, познат под името „Tieguanyin“. Неговата цена е 2.000 евра за килограм. Името го добил по будистичкиот свештеник Гуан Јин (Железната Божица на милоста). Тоа е улонг чај (неговата оксидација е некаде помеѓу црн и зелен чај). За среќа, ливчињата на овој чај можат да се искористат до 7 пати.

За да биде комплетна сликата за чајот, постојат рачно изработени ќесички за чај украсени со 280 дијаманти, по цена од 8.000 евра. Овие ќесички се изработени за да се соберат средства за детско добротворно друштво во Манчестер, Англија.

Related Posts with Thumbnails