wordpress counter

Најскапите вина во светот (1 дел)

Се прашувате каков вкус има виното од 4.000 долари? Што мислите за вино од 20.000, 50.000 или 100.000 долари? Додека едни посакуваат да заработуваат толку пари годишно, други уживаат во вина кои чинат колку една семејна куќа. Верувале или не, воопшто не е мал бројот на луѓе кои даваат толку многу пари за шише вино.

Станува збор за шишиња вино кои им припаѓале на познати личности од историјата, шишиња спасени од бродоломи и слично. Но, во секој случај, сите се многу стари и квалитетни. Енолозите велат дека шише вино е многу повеќе од колку што изгледа, тоа е всушност уметничко дело. Тоа објаснува како е можно едно шише вино толку многу да чини.

Погледнете ги 12-те најскапи вина во светот и нивните цени.

Royal DeMaria“
30.000 долари
Станува збор за вино добиено од смрзнато грозје, пред да започне процесот на ферментација. Продадено е пред 5 години, по цена од 30.000 долари.

„1775 Massandra“
43.500 долари
Станува збор за руско вино, кое во аукциската куќа „Sotheby“ во 2001 година беше продадено за 43.500 долари.

„1945 Chateau Mouton Rothschild“
47.000 долари
Станува збор 6 литарско пакување кое било продадено за 310.700 долари.

„1787 Chateau Yquem“
100.000 долари
Станува збор за вино од приватна колекција, продадено по неверојатна цена од 100.000 долари.

„1811 Chateau d’Yquem“
117.000 долари
Во моментот кога купувачот Кристијан Ванек даде 117.000 долари, ова вино стана најскапото вино на сите времиња. Има географско потекло од Бордо. Инаку, Ванек е сомелиер во еден париски ресторан и планира да го отвори виното во 2017 година, кога ќе прославува 50 години кариера.

„Romanee Conti 1945“
123.900 долари
Виното е произведено за време на Втората светска војна. Биле произведени само 600 шишиња. Го продал еден приватен колекционер за 123.900 долари.

Related Posts with Thumbnails