wordpress counter

Најскапите вина во светот (2 дел)

Во претходната статија наведуваме 6 од 12-те најскапи вина на светот. Повеќето се чувани од колекционери, останати се многу малку шишиња и ретко се продаваат. Продажбата најчесто се случува на аукција. Денес го завршуваме списокот со 12 вина кои се најскапи на светот, според пишувањето на „Хафингтон Пост“.

„1787 Chateau Lafite“
160.000 долари
Oва вино е продадено во 1985 година. Се верува дека е дел од колекцијата на некогашниот американски претседател Џеферсон. Тогашните 160.000 долари денес би вределе 315.000 долари.

„1869 Chateau Lafite“
233.972 долари
Анонимен азиски колекционер, на аукцијата одржана минатата година, издвои речиси 234.000 долари за ова шише вино. Интересно е дека цените за „Lafite“ во Азија се астрономски, со оглед дека се смета за чист луксуз.

„1947 Chateau Cheval Blanc“
304.375 долари
Се смета за едно од најдобрите вина, направено во регионот на Бордо. Претходно го поседувал анонимен швајцарски колекционер, а потоа е продаден на аукција во Женева. Ова вино може да се пие и ден денес, а може да се чува без проблем и во наредните 50 години.

„1907 Heidsieck“
275.000 долари
Ова вино било дел од пакетот пијалаци на руското царско семејство. Било загубено во поморска несреќа, а било пронајдено во 1997 година.

„1865 Chateau Lafite“
27.000 долари
Ова шише некогаш му припаѓало на бизнисмен од Флорида, кој му го продал на европски колекционер по телефон. Една чаша од ова вино чини 4.650 долари.

„1978 Montrachet“
24.000 долари
Станува збор за колекција од седум вакви вина кои биле продадени во 2001 година по цена од 24.000 долари за шише. Добра работа е што сѐ уште може да се пие.

Related Posts with Thumbnails