wordpress counter

Неколку работи кои не сте ги знаеле за џинот (1 дел)

Оваа статија е посветена на неколку факти кои сигурно не ви биле познати за џинот како пијалак. Добро, некои може ви се познати, но статијата е секако интересна. Особено за оние кои уживаат во овој пијалак.

Џинот е за коктели, а не за пиење чист
Можете да пиете чиста водка, текила или некое виски (евентуално со лед), но џинот не се пие чист. Тој се меша во коктели, за да дојде до израз неговата комплексност.

Најголем дел од класичните коктели се направени од џин
„Negroni“, „Ramos Gin Fizz“, „Martinez“, „Gin Rickey“, „Red Snapper“, „Tom Collins“, „White Lady“, „Hanky Panky“, „Clover Club“, „Alexander“, „French 75“… Ова е само еден мал дел од котелите на база на џин.

Првиот џин е произведен во Холандија
Џинот е англиски национален пијалак, но веруваме дека малкумина знаат дека првиот пијалак е произведен во Холандија. Во текот на војната во XVII век, англиските војници ги виделе холандските војници како пијат пијалак со помош на кој го поткревале моралот. Потоа, Англичаните се вратиле дома со идејата да произведуваат џин.

London dry gin“ не е секогаш од Лондон
Кај производството на џин нема толку строги географски ограничувања како што е случај со виното или коњакот. Само мал дел од овие видови џин се произведуваат во Лондон. Сепак, постојат 13 видови кои имаат строга географска одредница. Најпознат е „Plymouth gin“.

Дезмонд Пејн – кралот на џинот  
Дезмонд Пејн произведува џин повеќе од 40 години. Веќе 17 години е најдобриот во дестилација во „Beefeater“, а претходно и во Плимут. Креацијата со која се гордее е „Beefeater 24“ – џин во кој се додаваат чаеви во текот на дестилацијата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Филм: „Step Up To The Plate“

Entre les Bras (2012) • Режија: Пол Лакост • Улоги: Мишел Брас, Себастијан Брас Овој филм е документарец за готвачкото...

Close