wordpress counter

Неколку работи кои не сте ги знаеле за џинот (2 дел)

И во вториот дел од оваа статија откриваме уште неколку интересни факти за овој посебен пијалак.

„Мартини“ значи џин
„Мартини“ се состои од џин, вермут и различни ликери од тревки. Во времето на златната ера на „Мартини“, луѓето ретко имале можност да пијат водка. Подоцна, „Смирноф“ со својата кампања успеа да му го украде местото на џинот во овој коктел.

Џинот се користи и во медицински цели
Во 1269 година, првите информации за овој пијалак се појавувааат во медицинска публикација. Се користел против скорбут и да се смири стомакот за време на морските патувања.

Џинот е водка со вкус
Се добива со дестилирање на растенија како смрека, коријандер, кора од цитруси, цимет и бадем, со неутрален алкохол од житарки. Производството на џин е всушност слично на процес на давање вкусови на водка.

Најмногу џин се пие на Филипините
Речиси половина од светското производство се консумира на Филипините. Други земји каде се обожува џинот се Шпанија, САД и Британија.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Вкусови за добро расположение

Едно истражување, кое имало за цел да проучи преку 1.700 различни врски кои се составен дел на бројни вкусови, открило...

Close