wordpress counter

Необични барови низ светот (1 дел)

Знаеме дека поголем број од баровите во светот личат еден на друг. Нивниот ентерирер е или ептен модерен или традиционален. Може да има интересна тераса или поглед, но најчесто, по некое време ќе заборавиме на него. Овојпат, се решивме да ви претставиме некои навистина необични барови. Навистина се разликувааат од сѐ друго што сте виделе.

„Baobab Tree Bar & Wine Cellar“
Јужна Африка

Се наоѓа во дупка на едно баобаб дрво, старо преку 6.000 години. Покрај тоа што можете да уживате во некој пијалак, ќе можете и малку да здивнете од задушливата топлина која владее надвор. Некогаш во него седеле само бушмани, но денес е место кое врие од туристи.

„The Birdsville Hotel and Pub“
Австралија

Некаде на самиот раб на Симпсон пустината, помеѓу песочните дини, ќе пронајдете хотел и паб кој е вистински хит. Ѕидовите се накитени со шапки и постери стари и по 100-тина години. Повеќето посетители се тркачи, кои учествуваат на тамошните коњички трки. Во близина има и мал аеродром, па ова е прво место со кое се запознаваат луѓето кога ќе дојдат.

Cave Bar“
Јордан

Во градот Петра, една од пештерите е пренаменета во кафе бар. Ѕидовите на барот се всушност антички гробници, направени пред илјадници години. Можете да седнете и внатре и надвор од гробницата, на тераса. Во внатрешноста има црвеникава светлина која доаѓа од самите ѕидови кои имаат талог од црвен песок. Доколку сакате поголема приватност, можете да одберете посебна гробница со маси.

Related Posts with Thumbnails