wordpress counter

Необични барови низ светот (2 дел)

Продолжуваме со претставување на најнеобичните барови ширум светот. Во првиот дел ви претставивме барови во Австралија, Јордан и Јужна Африка. Овој пат на ред се Јамајка, Исланд и Мексико.

„Floyd’s Pelican Bar“
Јамајка

Барот „Пеликан“ е сместен во самите води покрај југо-источниот дел од брегот на Јамајка. На прв поглед ќе помислите дека тие стебла од дрва и листови палма ги донела вода и ги составила самата природа. Интересно е дека доколку нема внатре место, можете да добиете пијалак додека стоите во вода. До барот се стигнува со пливање, но можете да изнајмите и некое мало рибарско бротче, кое ќе ве однесе до таму без да се намокрите.

„Lagoon Bar“
Исланд

Оваа прекрасна сина лагуна е вистинска начин да се одморите и да заборавите на сѐ што ве оптоварува. Тука се наоѓа идиличен бар во кој може да уживате во најразлични пијалаци. Додека вие лежите во оваа бања со топла вода, можете да порачате коктел кој ќе ви го послужат келнерки облечени во бикини.   

„Alux Restaurant & Lounge“
Мексико

На само неколку километри од плажата „Кармен“ се наоѓа подземен бар, каде на влезот добивате свеќа или фенерче за да се движите низ него. Скалите и холот се преполни со сталактити и сталагмити. Тоа е поврзан систем на пештери, каде е сместен бар со ресторан. Луѓето кои доаѓаат таму се надеваат дека ќе ги сретнат митолошките „мали човечиња“, кои според Маите живееле во овие скривници.

Related Posts with Thumbnails