wordpress counter

Необични барови низ светот (3 дел)

Денес ви претставуваме уште 4 необични барови, кои веруваме дека ќе ве остават без здив и секако, зачудени.

„Absolut Icebar“
Шведска

Овој бар е сместен во хотел, во едно мало село во северниот дел на Шведска. Тоа е сезонски ресторан, кој работи само од средината на септември до средината на април. Направен е од огромни блокови лед, земени од блиската река Торне. И покрај студените „ѕидови“, температурата внатре е пријатна. Во ова место уживајте во водка со вкус на брусница.

„Cova d’en Xoroi“
Шпанија

Барот се наоѓа во пештера на една карпа надвисната над океанот. Ова е омилено место за локалните жители, како и за бројните туристи на Менорка. Според легендите, оваа пештера служела како заштита од турските пирати кои украле една селска девојка. Во попладневните часови, гостите седат на отворена тераса и уживаат во погледот кон островите, додека навечер ди-џеите го претвораат барот во диско.

„The Red Sea Star“
Израел

Во заливот близу до градот Еилат, се наоѓа подводен бар и ресторан. И самиот ентериер е направен во таа насока. Столчињата личат на анемонии, ѕидовите имаат форма на бранови, додека секаде има прозорци каде може да уживате во животинскиот и растителниот свет на Црвеното море.

„Faraday Bar“
Антартик

На прв поглед ќе си речете: „Па добро, што има тука необично?“ Овој бар е сместен на Јужниот пол, во рамки на украинската истражувачка станица. Секако, овој бар не е само за украинските науници, туку и за секој жеден турист кој влегол во некоја од експедициите на Антартикот.

Related Posts with Thumbnails