wordpress counter

Пијалак: „Nescafé Caramel Cooler“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој пијалак е за секој љубител на кафе, кој ужива во вкусот на карамел. Подготовката е лесна и трае само 15 минути.

СОСТОЈКИ (за 1 порција)
• 1 кесичка „Нескафе капучино карамел“
• 1 мала лажица нескафе
• 1 мала лажица шеќер
• 200 мл млеко
• 1 топка сладолед од ванила

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измешајте ги „Нескафе капучино карамел“, нескафето и шеќерот. Прелијте со 1.5 дл врела вода, добро измешајте и оставете на собна температура да се излади.

Изладеното кафе, млекото и сладоледот ставете ги во миксер и мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. Се служи во висока стаклена чаша со цевка.

Related Posts with Thumbnails