wordpress counter

Новогодишни пијалаци

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 3,67 од 5)


За да биде комплетна атмосферата, покрај вкусната трпеза, потребен е и вистински пијалак. За вас, одбравме два навистина интересни пијалаци кои можете сами да ги подготвите: Вино со зачини и Бејлис Мартини.

Вино со зачини

СОСТОЈКИ
• 2 портокали
• 750 мл црвено вино
• 750 мл бело вино
• 15 гр ѓумбир, излупен и тенко исечкан
• 3 стапчиња цимет
• 75 гр кафен шеќер
• 60 мл бренди

ПОДГОТОВКА
Со помош на остар нож или ноже за лупење, отстранете ја кората од портокалот. Потоа, во еден голем сад за варење исцедете ги портокалите.

Налејте ги црвеното и белото вино во садот. Додадете ги и излупената кора од портокал, ѓумбирот, стапчињата цимет и кафениот шеќер. Измешајте добро, за да се растопи шеќерот.

Покријте го садот и ставете го на умерен оган. Откако добро ќе се стопли (внимавајте да не почне да врие), намалете ја температурата и варете уште еден час, со цел сите ароми и вкусови добро да се измешаат. Додадете шеќер ако е потребно. Процедете и служете со малку бренди.

Бејлис Мартини

СОСТОЈКИ
• 60 мл бејлис
• 10 мл вотка
• 10 мл чоколаден ликер
• малини за гарнирање

ПОДГОТОВКА
Првите три состојки налејте ги во шејкер и додадете мраз. Добро измиксајте и налејте во чаши за мартини.

Украсете со малини.

Related Posts with Thumbnails