wordpress counter

Обликот на чашата влијае на брзината на пиење

Научниците од Бристол дојдоа до уште едно откритие кое е навистина интересно. Имено, тие испитувале 160 кандидати кои ги сместиле во една просторија во која гледале документарен филм за природата. Притоа, ги понудиле со пиво или сок кои билe наточени во заоблени или рамни чаши.

Бележејќи го времето кое им било потребно за да го испијат пивото, научниците откриле дека постои битна разлика во каква чаша е пoслужено пивото. Интересно е дека таква разлика не била утврдена кај оние што пиеле сок.

На испитаниците кои пиеле пиво од рамни чаши им биле потребни 13 минути за да испијат 354 мл пиво, додека оние кои пиеле од заоблени чаши, им биле потребни само 8 минути за истата количина пиво. Научниците сметаат дека причината е што кај заоблените чаши многу потешко се утврдува колку пијалак сме испиле, што не е случај со рамните. Кога пиеме алкохол од рамни чаши точно може да одредиме колку алкохол сме испиле и да го забавиме или забрзаме процесот на пиење.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Шест одлични места во Копенхаген (1 дел)

Концептот на „Нордиска кујна“ би можел да ни звучи малку чудно и непознато, иако пред 2 години во посета на...

Close