wordpress counter

Оргазмични вина од Верона

Една од најпо­зна­тите ита­ли­јан­ски вина­рии е Маси, сме­стена во Валпо­ли­чело покрај Верона. Нив­ните вина се со долга тра­ди­ција, един­ствен вкус и при­влечна слат­кост. За разлика од дру­гите семејни вина­рии кои името го имаат по осно­ва­чот, оваа вина­рија сво­ето име го должи на пре­кра­сната мала долина Маси, во која се наоѓа.

Сопстве­ник е семеј­ството Боска­ини, а денес работи во парт­нер­ство со Серџо Али­ги­ери, пото­мок на слав­ниот Данте Али­ги­ери. Посе­дува околу 640 хек­тери со винова лоза во Ита­лија и околу 40 хек­тари во Аргентина.

Оваа вина­рија е позната по про­и­звод­ство на пре­миум вина спо­ред две методи: „appassimento” и „ripasso”. Appassimento е скап и един­ствен метод на про­звод­ство на вино. Ста­нува збор за сушење на нај­здра­вите гро­здови во тра­ди­ци­о­на­лни суши­лници од бам­бус. На тој начин се добива густо, висо­ко­кон­цен­три­рано црвено вино Amarone или Recioto.

Од нив­ниот асор­ти­ман можете да ужи­вате во ‘Amabile degli Angeli (осо­бено е при­влечно за жен­ската попу­ла­ција), Campofiorin Ripasso (воведе нов начин на про­и­звод­ство во 1964 година), Grandarella Appassimento, Passo Doble (сака­ната коли­чина ќе мора да ја резе­рви­рате една година одна­пред).

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ПИЈАЛАЦИ