wordpress counter

Откачени пијалаци низ светот

Еден дел од пијалаците имаат светска слава, сите ги знаеме и ги консумираме често. Но, постојат и такви кои се навистина уникатни и посебни и за кои ретко се слуша. Оваа статија е наменета за нив.

Пиво од верверица
Шкотска
Ова шкотско пиво се прави како и сите други пива, но се точи во посебна амбалажа. Станува збор за амбалажа која личи на верверица. Производител е шкотската компанија „BrewDog“.

Оризово вино од змија
Виетнам
Кобрата не е на списокот на вкусни специјалитети, но ова популарно оризово вино привлекува многу внимание. Не се загрижувајте – дејството на алкохолот е силно и го неутрализира отровот на змијата, така што можете слободно да пиете.

Вино од морски галеби
Арктик
Се подготвува од мртви морски галеби кои се ставаат во шишиња со вода. Се остава да ферментира. Интересно е дека е доста евтино и е еден од ретките начини да се загреете во овие предели.

Вотка од скорпија
Англија
Можеби повеќето Англичани преферираат чаша џин со тоник, но оние кои бараат малку авантура нема да се согласат со тоа. За нив, постои вотка со жива скорпија. Интересно е дека оние кои сакаат чудни вкусови, ќе откријат дека скорпијата е мошне вкусна.

Вотка од бафало трева
Белорусија
Во Белорусија оваа трева се користи за дестилирање и добивање на вотка во која ужива локалното население.

Крикет коктел
САД
Овој коктел звучи интересно, но се добива со гарнирање со бамбус и штурци. Можете да го најдете во барот „White & Church“ во Њујорк.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

„Би можел да изедам коњ“

„Би можел да изедам коњ“ или на исландски јазик: „Ég gæti borðað heilan hest“ е нешто навистина уникатно. Станува збор...

Close