wordpress counter

Овошје во чаша

Баравме и баравме да најдеме македонски збор за „фрапе“, „смуди“ и слични пијалаци, ама не ни успеа. Веројатно може да се најдат неколку слични имиња, но ниту едно нема во целост да го опише ова богатсво во чаша.

Ако ги разгледаме самите поими, тогаш за „фрапе“ ќе најдеме дека е кремаст пијалак со пенеста структура, кој оригинално се приготвува од кафе или на база на кафе со мешање на млеко и мраз. Но, истото може да го добиеме и со користење на некое овошје или зеленчук наместо кафе.

Како и да е, кога ќе помислиме на овие пијалаци, добиваме асоцијација на лето. Она што е важно е дека тие може да се приготвуваат во секое време од годината. На пример, банана смуди. Бананата е слатка сама по себе, ја има низ цела година, а за супер пијалак треба само да додадете ванилин шеќер, мед или јаворов сируп. Возрасните може да додадат и малку рум.

Интересно е дека од ваков тип на пијалак може да направите и вкусен сладолед. Налејте го смудите во чаши и ставете ги час или два во замрзнувач. Потоа, забодете во секоја чаша по едно дрвено стапче и оставете ги во замрзнувач уште неколку часа. Кој вика дека не постои здрав сладолед?

Ние ве советуваме само да внимавајте на комбинациите кои ги има безброј. На пример, лубеница не оди со обично млеко, но одлично се комбинира со млеко од бадеми. Некои овошја добро се комбинираат со млеко, други со јогурт, трети со овошен јогурт или некаков сок. Ако се решите за зеленчук, можете да користите моркови, краставици, спанаќ, кељ, цвекло.

Како и да ги нарекуваме, овие пијалаци се неверојатно вкусни, а децата ги обожуваат. Наш предлог е секогаш кога имате можност, направете некое смуди. Или како и да се вика… уживањето е загарантирано.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Лосос со глазура од ѓумбир

Ова е лесно јадење кое може да го приготвите во секој дел од годината. Одлично се комбинира со салата од...

Close