wordpress counter

Паричка во чаша вино за подобар вкус?

Станува збор за навистина отмен трик кој е познат од многу одамна. Но, тоа не значи дека поеднакво одговара за кое било вино и која било паричка.

Имено, истражувањето покажува дека пени (англиска паричка) искована пред 1982 година е направена во поголем дел од бакар, а не цинк. Бакарот реагира со тиолот (меркаптан) и помага тој да исчезне.

Меркаптанот е сулфурна состојка која понекогаш може да се најде во виното и е природен нус-производ на ферментацијата. Неговото влијание се засилува со некои техники на производство на вино.

Овие состојки се безопасни, но понекогаш го влошуваат вкусот на виното и го прават таканареченото „редуцирано“ вино. Во таков случај може и да не ви се допадне мирисот, но затоа ќе ви биде потребна бакарна паричка која ќе го отстрани тиолот од виното, а вие ќе уживате во него.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Канелони со блитва и козјо сирење

Станува збор за модификација на класичните канелони, па наместо секаде користената комбинација од спанаќ и сирење (рикота), ние ќе искористиме...

Close